Copyright 2007 © - LARS. All rights reserved.
За Нас    :    Капацитети    :    Контакт    :    Локација
  ЗА НАС

Ларс е текстилна компанија чија основна дејност е лон-изработка на облека за жени. Конфекцијата е специјализирана за тешка конфекција, како и за: панталони, сукњи, маици, облека од плетенини и др.
Облеката е квалитетно изработена по највисоките европски стандарди за квалитет. Таа дава чувство на удобност и елеганција, а притоа истакнувајќи ја сензуалноста на секоја жена.
Ларс е основана во февруари 1991 год, од г-ѓа Нашкова Смилјана, која поседува повеќедеценско искуство во конфекционерството. Искуството го стекнува како раководител во МК Астибо, позната модна текстилна компанија на пазарите на поранешна СФРЈугославија.
Конфекцијата располага со објект на 3000 м2 површина и 270 вработени. Во овој деловен простор се лоцирани административниот дел, производствените погони и магацинскиот простор на компанијата.

Компанијата соработува со повеќе странски партнери: Elite Moden- Германија, Opro CZ. - Чешка, Mita Trade - Словенија, Cris conf. S.P.A.-Италија, Veste Bene - Италија, Franken Waelder - Германија, Marc Aurel-Германија.

Успехот и брзиот развој на компанијата се темели на: квалитетот на готовиот производ, навремена испорака на производите, квалитетен и искусен работен тим, солидна организација на вработените од страна на менаџерскиот тим, флексибилност во однос на кратките рокови за испорака и квалификувана работна сила.
Ларс има добиено неколку признанија, како поважни ги издвојуваме: Плакета од Стопанската Комора 1998 год. и Меѓународно признание за квалитет во Франкфурт 2003год.