Copyright 2007 © - LARS. All rights reserved.
За Нас    :    Капацитети    :    Контакт    :    Локација
  КАПАЦИТЕТИ

Процесот на конфекционирање во Ларс е
организиран во шест производни линии:

    - формирање на работен налог и дизајн
    - кројница
    - шивална
    - завршно одделение
    - складирање
    - подготовка на готовиот производ

Оделот кројница е опремен со современа опрема за кроење, образивање и лепење, која се состои од: две преси, два бансика, четири прогресерки, шест  маси, шест стола за фигување.

Одделение шивална: Во овој одел има седум производни линии со по дваесет вработени. Вработените во ова одделение се оспособени за повеќе операции и самостојно ги контролираат процесите при скоја операција.Одделението е опремено со: рупичарка за обична рупица, окасти рупичарки, обични рупичарки, шест копчарки, машина за мотање копче, апарат за џебови, преса за штампа, машина за штрас лепење, ибердеци со горно и долно плетење, машини за такми, цик цак машини, АМФ машина, ситна енгларица.

Завршното одделение има капацитет од 90 вработени и е опремено со: кукла, столови за пеглање, столови за поглање на кукла на ракав, преса за пеглање на кант, преса за пеглање на околу ракав, четка на пареа за вадење на гланц.

Ларс има посебен организиран простор за складирање на готовите производи и тоа околу 100 м2, според стандардите што ги бара странскиот партнер.

Конфекцијата во својат понатамошна работа планира автоматизација на целиот работен простор со што би се добиле многу поголеми работни капацитети.


Ларс во потполност ги исполнува пропишаните стандарди за работа и заштита при работа за вработените