Copyright 2007 © - LARS. All rights reserved.
За Нас    :    Капацитети    :    Контакт    :    Локација
  ЛОКАЦИЈА

Република Македонија е лоцирана во централниот јужен дел на Балканскиот Полуостров, на површина од 25.713 км2. Нејзини соседи се: Република Србија на север, Република Грција на југ, Република Албанија на запад и Република Бугарија на исток.

Република Македонија претставува важна крстосница на стратешките сообраќајни правци: коридорот Север-Југ кој најдиректно ја поврзува Централна Европа со солунското пристаниште и коридорот Исток-Запад кој го поврзува црноморскиот регион со јадранската област.
Република Македонија има статус на земја-кандидат за членство во Европската Унија.

Таа претставува вистински релјефен мозаик, со изобилство на природни реткости и убавини. Многумина ја нарекуваат Бисер на Балканот. Речиси 80 проценти од нејзината територија се ридско-планински, а 20 проценти се рамнински терени, прекриени со природни езера, реки, шуми и пасишта.

Република Македонија располага со големо културно-историско наследство. На овие простори постојат археолошки наоѓалишта уште од времето на неолитот, античкиот и римскиот период. Меѓу нив најпознати се наоѓалиштата во старите градови Стоби, Баргала (во непосредна близина на Штип), Хераклеа и Скупи. Од средниот век датираат многу цркви и манастири, остатоци од тврдини, а во тој поглед посебно се истакнува градот Охрид кој, поради своето културно-историско значење, е под заштита на UNESCO.

Градот Штип претставува културен, образовен и индустриски центар во источниот дел на Република Македонија. Од аспект на стопанската структура, во Штип е стациониран голем дел од текстилната и модната индустрија на Државата.

Градот претставува значаен сообраќаен јазол. Низ него се вкрстуваат неколку патни правци и железничка линија што го поврзуваат овој град со сите делови на Република Македонија и пошироко. Најважни од нив се патните правци кои водат кон источната граница со Бугарија. Штип е оддалечен 90 км од главниот град Скопје, 70 км од меѓународниот аеродром Петровец, што се наоѓа во близина на Скопје, 35 км од меѓународниот автопат Е-75 и 200 км од пристаништето во Солун, Република Грција.